„Се плашам од Наполи и Рома“


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Фудбалерите на Јувентус победија во 20-то коло против Лацио со 2:0 на домашен терен.

Целиот натпревар го одигра Миралем Пјаниќ кој по натпреварот изјави дека Јувентус ја заслужил победата.

„Знаевме дека натпреварот нема да биде лесен. Лацио игра многу добро оваа сезона и тежок противник се. Сепак, ние бевме дисциплинирани и многу добди во цел натпревар. Денес заслуживме да победиме затоа што бевме доминантни.“

„Се плашам од тимови како Наполи и Рома затоа што играат навистина добро. Исто така, тука се уште неколку тимови со голем квалитет.“

Да потсетиме, Јувентус има 48 бодови додека за нив се Рома и Наполи со по 44 поени.