Јаховиќ не запира – Новата жртва е Газиантеп


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Гезтепе и Газиантеп ремизираа, 2:2 во 18-то коло во турската втора лига.

Во првото полувреме Рајс му донесе водство на Газиантеп. Бингол во второто полувреме го израмни резултатот.

Македонскиот фудбалер, Адис Јаховиќ во 75-та минута погоди од пенал за водство на Гезтепе. Пеналот пред крајот на натпреварот го спаси Газиантеп од пораз. Рајс ги постави конечните 2:2.

Јаховиќ го постигна единаесетиот погодок во втората турска лига и го дели првото место со Бекаменга и Поепон.