Аргентина ќе се бори за 17-то место!


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Денес се одигра натпреварот помеѓу Аргентина и Саудиска Арабија за пласман од 17 до 20 место.

Од првата минута од натпреварот Аргентина водеше и Саудиска Арабија успеа само 3 пати да стигне до израмнување, но тоа беше се од нив во првото полувреме, во кое Аргентина беше подобра со 10:8.

Вториот дел продолжи доминацијата на Аргентина, а неколку пати тие имаа предност од 6 голови, но пред самиот крај на натпреварот Саудиска Арабија влезе во серија од 5 голови и стигна до резултат 22:23, но немаше доволно сила да направи нешто повеќе, па Аргентина победи со 24:22.

Најдобар стрелец кај Саудиска Арабија беше Ал Абас со 6 голови додека кај Аргентина беше Пизаро со 6 постигнати голови.