Петнаесет поени на Војдан во поразот на Реал Бетис од последнопласираната Манреса


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Кошаркарите на Манреса го победија Реал Бетис во натпревар од АЦБ лигата, 91:86.

Манреса доминираше во првата четвртина. После првите десет минути на семафорот стоеше резултатот 26:13. На полувреме Манреса имаше предност од 13 поени, 50:37.

Гостите во третата четвртина се разиграа и успеаа да ја намалат негативата на само четири поени пред последните десет минути од натпреварот, 71:67. Кошаркарите на Бетис успеаа да израмнат и да стигнат до водство во последната четвртина, 79:80. Манреса до крајот беше подобра и на крајот успеа да победи 91:86.

Томас со 20 поени ја предводеше Манреса до победа. Радичевиќ беше најефикасен во дресот на Бетис со 21 поен. Македонскиот кошаркар, Војдан Стојановски постигна 15 поени.