Буркина Фасо ја победи Гвинеја Бисау за четвртфинале, Габон ремизираше против Камерун и испадна


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Од последното трето коло од групата А се одиграа два натпревари.

Буркина Фасо победи со 0:2 против Гвинеја Бисау.

Накоулма во 12-та погоди за водство на Буркина Фасо. Каборе не искористи голема шанса за погодок пред крајот на првото полувреме. Бисау можеше да израмни, но шутот на Пикети беше слаб и лесен плен за голманот на Буркина Фасо.

Во 58-ма минута Траоре погоди за 0:2. Бисау преку Алдир се закани десет минути пред крајот на натпреварот, но Куаку не дозволи да прими погодок.

Буркина Фасо на крајот се радуваше и се пласираше во 1/4 финале како прва од групата А.

 

Камерун и домаќинот Габон одиграа без погодоци, 0:0.

Габон на почетокот на натпреварот имаше шанси за погодок кои не беа искористени. Буанга во 21-ва минута од слободен удар шутираше, но голманот на Камерун, Ондоа фантастично одбрани.

Сиани во второто полувреме се закани по голот на Габон, но неговиот шут беше непрецизен. Буанга неколку минути подоцна од слободен удар повторно се закани, но Ондоа повторно излезе како победник.

На крајот двете репрезентации ги поделија бодовите. Камерун ќе продолжи понатаму како втор од групата А, а домаќинот Габон ќе си оди дома.

 

Табела група А:

1.Буркина Фасо 5 бода
2.Камерун 5 бода
3.Габон 3 бода
4.Гвинеја Бисау 1 бод