Еибар лесно совладан – Барселона постигна четири погодоци во новата победа (ВИДЕО)


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Фудбалерите на Барселона победија на Ипуруа против Еибар во натпревар од 19-то коло во Ла Лига, 0:4.

Еибар во првото полувреме преку Ескаланте имаше шанси за погодок, но Тер Штеген бранеше. После изведениот слободен удар на Меси, голманот на Еибар фантастично одбрани.

Во 31-ва минута Денис Суарез постигна погодок од далечина за водство на каталонците. Пред крајот на првото полувреме Луис Суарез ја погоди стативата.

Лионел Меси во второто полувреме го зголеми водството на Барселона. Напаѓачот на Барселона, Луис Суарез му ја одзеде топката на дефанзивецот на Еибар и го постигна третиот погодок за Барселона денешниот натпревар.

Каталонците до крајот имаа уште неколку шанси за погодок, но не беа искористени. Леон имаше шанса да го постигне почесниот погодок за Еибар на овој натпревар, но Тер Штеген фантастично одбрани.

Нејмар пред крајот на натпреварот ги постави конечните 0:4.