Возбудлив натпревар во Словенија – Крка успеа да ја победи Цедевита


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Денес се одиграа 3 натпревари во АБА лигата.

На натпреварот помеѓу Крка и Цедевита беше видена голема борба.

Тимот на Крка лошо започна против Цедевита, па во првата ¼-на подобри беа гостите со 27:19, но потоа следуваше многу подобра игра на Крка и на полувреме заминаа со предност од 50:44.

Второто полувреме започна повторно во доминација на Крка која победи со 26:16, но во последната ¼-на Цедевита тргна многу жестоко и успеа да победи во таа 1/4-на со 23:11, но тоа не беше доволно за триумф во натпреварот, во кој Крка беше подобра со 90:86.

Најдобар играч кај Крка беше Луковиќ со 24 поени додека кај Цедевита најдобар беше Боатрајт со 22 постигнати поени.

На останатите натпревар Морнар беше подобар од Будуќност со 78:71 додека Мега Лекс беше подобар од Задар со 92:75.