На Олимпико падна Каљари – Џеко и донесе победа на Рома (ВИДЕО)


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Фудбалерите на Рома го победија Каљари минимално во натпревар од 21-то коло во Серија А.

Во првото полувреме Џеко се закани по голот на Каљари, но Рафаел одбрани.

Един Џеко во 55-та минута му донесе водство на Рома. Рафаел неколку минути подоцна фантастично му одбрани на Пероти.

Пред крајот на натпреварот Един Џеко со глава шутираше и ја погоди пречката. Во судиското продолжение Гуида направи старт по кој судијата му покажа директен црвен картон. Рома на крајот победи со 1:0.