Нејмар се израмни со Роналдињо!


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Асот на Барселона го стигна својот сонародник кој соевремено со голем успех настапуваше за тој клуб.

Нејмар пополека но сигурно излегува од голгетерската криза.

Успеа за нов погодок, во победата над Еибар од 4:0, што е негов дури петти гол во Примера во оваа сезона.

Сепак, со тој гол дојде до бројката од 94 гола во дресот на Барселона и така се израмни со Роналдињо, кој на таа бројка играјќи за Барса запре.

На Нејмар да стигне до тој број му требаа далеку помал број на натпревари, го носеше дресот на Барселона во 164 наврати, додека Роналдињо за тимот од Ноу Камп соевремено одигра 207 мечеви.