Анри го советува Озил: Остани во Арсенал, биди легенда!


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Поранешниот напаѓач на Арсенал Тиери Анри зборуваше за британските медиуми за статусот на Месут Озил во лондонскиот клуб.

Германскиот репрезентативец често се доведува во врска со заминување од Арсенал, се споменуваа бројни клубови и се шпекулираше за огромни суми.

Анри смета дека за Озил е најпаметен потегот да остане во Арсенал и само да продолжи да го игра она што го започна.

„Како навивач на Арсенал, би ми било жал ако Озил замине. Го разбирам бидејќи е тешко да се одбијат сите тие понуди. Во иста ситуација бев во 2007 година кога заминав во Барселона, но со тешко срце“, започна Анри, и продолжи:

„Луѓето зборуваат дека денешниот фудбал се сведува само на пари. Се она што може да прави во најголемите клубови во Европа, може и во Арсенал со Алексис Санчез. Ако Озил остане во Арсенал, може да стане легенда на клубот“.

Месут Озил во Арсенал стигна во 2013 година од Реал Мадрид, а во оваа сезона одигра вкупно 24 натпревари и постигна девет голови.