АО: Гофан преку Тим стигна до ¼-финале!


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Давид Гофан се пласираше во ¼-финалето на Австралијан Опен.

Тој со 3:1 во сетови, односно 5:7, 7:6, 6:2 и 6:2 беше подобар од Доминик Тим.

Голема борба се водеше во првите 2 сетови од натпреварот. Во првиот беа видени дури 5 брејк топки, а во таквата игра подобро се снајде Тим кој го доби првиот сет со 7:5.

За разлика од првиот сет, во вториот двата тенисери имаа сигурен сервис. Белгиецот имаше 4 брејк топки при резултат 6:4, но Тим се извлече и заминаа во тај-брејк, каде што Гофан беше подобар.

Гофан во остатокот од натпреварот играше одлично и без проблеми со 6:2 и 6:2 успеа да стигне до победата.