АО: Плишкова преку Гаврилова стигна до ¼-финале!


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Денес програмата во женскиот дел од АО ја заврши дуелот помеѓу Плишкова и Гаврилова.

Во првиот сет беа видени дури 4 брејкови, односно 3 успеа да направи Плишкова и само 1 Гаврилова, па тоа и беше доволно на Плишкова да стигне до победа со 6:3 во првиот сет.

Вториот сет подобро го отвори Гаврилова. Таа веднаш направи брејк, но потоа следуваше пад во играта и изгуби 2 сервиса по ред и така повторно со 6:3 Плишкова успеа да стигне до победата.