Борусија им „украде“ играч на Реал!


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Младиот фудбалер од Шведска стана нов фудбалер на Борусија Дортмунд.

Според многу медиуми во јавноста, особено тие во Германија, Александер Исак е нов фудбалер на Борусија Дортмунд.

Младиот 17-годишен фудбалер беше на прагот до Реал Мадрид, но „Црниот Ибра“ на крајот потпиша за Дортмунд.

Станува збор за висок напаѓач кој веќе постигна и еден гол за сениорскиот тим на Шведска со што стана најмлад играч во историјата.

Во Дортмунд стигнува од АИК, тим од Шведска.

Медиумите пишуваат дека тој потпишал договор на 5 и пол години, до 2022 година, а исто така дека АИК ќе добие 9 милиони евра за овој трансфер.