Крај на ерата и владеењето на Берни Еклстоун


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Медиумите пишуваат дека по 40 години владеење со Ф1, Берни Еклстоун во наредните денови би можел да се повлече.

Нов сопственик, нови правила и нови луѓе. Така барем велат медиумите од Англија. Берни во наредните денови ќе ги продаде своите акции и ќе замине од светот на Ф1.

Според медиумите, новите сопственици ќе бидат целосно независни. Новите акционери планираат целосна ревизија на се досега.

Во коментарите на оваа тема стои дека Берни морал да се повлече позади комерцијалните договори, а новите сопственици планираа нови луѓе да ја водат таа работа.

Најверојатно на тоа место ќе дојде Шон Бречес додека за спротиски директор е предвиден Рос Брон.

Доколку новиот сопствник навистина сака да направи радикални промени, Берни секако нема да биде пресудна личност во овие одлуки околу Ф1. Многу е веројатно дека тој нема целосно да се повлече од овој спорт. Неговиот збор и понатаму ќе се почитува, но нема да биде последен.