АО: Надал подобар од Монфилс во 4 сетови!


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Денес програмата од машкиот дел на Австралијан Опен ја заврши натпреварот помеѓу Надал и Монфилс.

Натпреварот започна одлично за Шпанецот кој успеа да направи брејк во вториот гејм од првиот сет и потоа со сигурен сервис стигна до 6:3.

Вториот сет започна уште подобро за Надал. Брејк во првиот гејм и потоа добар сервис, се до 6-от гејм, кога го изгуби својот сервис, но потоа му врати со два брејкови и повторно со 6:3 го освои сетот.

Третиот сет беше израмнет од самиот почеток, а Монфилс успеа да направи брејк во 9-от гејм од сетот и така да го освои со 6:4.

Четвртиот сет донесе поголеми возбудувања затоа што Монфилс направи прв брејк и имаше водство од 4:2, но потоа Надал му врати со иста мера и успеа да израмни. Но потоа имаше 2 брејк, сет и меч топки на противнички сервис, а успеа да ја искористи втората.

Гаел Монфилс денес имаше неверојатни 15 асови додека Надал остана на бројката од само 2 асови. Но Монфилс имаше и 10 двојни сервис грешки додека Надал остана на само 1.

По бројот на винери доминираше Монфилс со 52, но и со 62 неизнудени грешки додека Надал имаше 21 винер и 27 неизнудени грешки.

Во 1/4-финалето Надал ќе игра против Раониќ.