Бахреин со победа стигна до 23-то место – Ангола мораше да се задоволи само со 24!


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Денес од 13:00 се одигра натпреварот помеѓу Ангола и Бахреин за 23-то место на СП во Франција.

Први на овој натпревар гол постигнаа играчите на Ангола, но тоа беше воедно последното водство за нив во овој натпревар.

Бахреин влезе во серија од 4 погодоци и така го превзема водството кое го одржуваше до крајот на полувремето, на кое заминаа со резултат 15:13 за Бахреин.

Второто полувреме продолжи во доминација на Бахреин кој беше премоќен за Ангола и со 32:26 успеа да го освои 23-то место.

Најдобар стрелец кај Бахреин беше Мерза со 7 постигнати голови.