Чиле ја „скрши“ Јапонија и го освои 21-то место!


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Денес се одигра натпреварот за 21-то место помеѓу Јапонија и Чиле.

Натпреварот многу добро го започнаа Јапонците кои имааводство во поголемиот дел од натпреварот, а тоа во моменти достигнуваше и до 4 голови разлика.

Но потоа следуваше пад во играта на Јапонците и на полувремето Чиле замина со предност од 17:12.

Во второто полувреме немаше ништо поважно во играта на Јапонија. Чиле продолжи да доминира и ја зголемуваше својата предност, па на крајот успеа да победи со 35:29.

Најдобар стрелец во натпреварот беше Агарие од Јапонија со 9 постигнати голови.