Тунис лесно со Саудиска Арабија за 19-то место на СП


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Ракометарите на Тунис ја совладаа Саудиска Арабија со во натпреварот за 19-то место на СП.

Тунижаните беа фаворити на овој натпревар. Влегоа одлично во него и после десет минути играа имаа водство од 8:4.

Ракометарите на Саудиска Арабија стигнаа најмногу до два негатива, но на полувреме заминаа со негатива од пет погодоци, 20:15.

 

Во второто полувреме доминација на тунижаните, а до првото двоцифрено водство стигнаа во 45-та минута од натпреварот, 32:22.

На крајот Тунис победи со 39:30 за освојување на 19-то место на СП. Саудиска Арабија ова СП го заврши на 20-то место.

Калед Јусеф Хај го предводеше Тунис до победа со 12 погодоци. Кај Саудиска Арабија најефикасен натпреварот го заврши Мохамед Алабас со 9 погодоци.