Тунис го победи Зимбабве за 1/4 финале, Сенегал ремизираше против Алжир и се пласира понатаму (ВИДЕО)


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Од третото коло од групата Б на АКН се одиграа два натпревари.

Репрезентациите на Сенегал и Алжир ремизираа, 2:2.

Во 10-та минута Слимани погоди за водство на Алжир. Сенегалците израмнија пред крајот на првото полувреме со погодокот на Диоп.

Второто полувреме ни донесе уште два погодоци, по еден на двете страни. Слимани го постигна вториот погодок на денешниот натпревар, а две минути подоцна Соу израмни и ги постави конечните 2:2.

Сенегал се пласираше во 1/4 финале на АКН како прв од групата Б.

 

Тунис лесно го совлада Зимбабве со 2:4.

После десет минути Тунис имаше водство. Слити погоди за радост на туниските навивачи. Во 22-ра минута Мсакни го зголеми водството на Тунис.

Кениси во 36-та минута погоди за 0:3. Неколку минути подоцна Мусона погоди за намалување на водството на Тунис, 1:3. До крајот на првото полувреме Коста направи направи прекршок во казнениот простор, а Казри беше прецизен од белата точка за 1:4.

Зимбабве во второто полувреме постигна уште еден погодок. Ндоро беше автор на погодокот за 2:4 со кои и заврши денешниот натпревар.

Тунис обезбеди пласман во 1/4 финале на АКН како втор од групата Б.