Нова сензација – Хрватска ја падна на колена големата Шпанија, Словенија го победи Катар и закажа полуфинале со Франција


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


 

Се одиграа и последните два четвртфинални натпревари на СП во Франција.

Словенија го совлада Катар со 32:30 во четвртфиналето.

Ракометарите на Словенија го отворија натпреварот со два погодоци во низа, 2:0. Доленец и Цингесар зголемија на 5:2 после седум минути игра.

Двата погодоци во низа на Габер ја зголемија предност на Словенија на четири погодоци, 7:3. Со погодоците на Доленец и Маргуч, Словенија имаше водство од 10:5.

Катарците со серијата од три погодоци намалија на два негатива, 10:8. Маргуч и Гаспер погодија за 12:8.

Шест минути пред крајот на првото полувреме словенците имаа водство од 16:11. Во последната минута од првото полувреме Капоте и Мабрук погодија за 18:15 со кои се замина на полувреме.

Безјак, Гребенц и Јанц погодија на почетокот на второто полувреме, 21:15. Словенците постигнаа 5 погодоци во низа за водство, 27:18

Словенија на крајот победи со 32:30 и се пласира во 1/2 финале на СП. Гаспер Маргуч ја предводеше Словенија до победа со 6 погодоци. Кај Катар најефикасен беше Бертранд Роан со 8 погодоци.

Хрватска ја шокира Шпанија во четвртфиналето. Коцкестите победија со 29:30.

Шпанците започнаа со двата погодоци на Балагер, 2:2. Гојун и Хорват израмнија, 2:2.

Хрватите со погодоците на Мамиќ и Циндриќ стигнаа до два погодоци предност, 11:13. Шпанците во 24-та минута повторно го израмија резултатот. Томас и Агинагалде погодија за 14:14.

Муса и Мамиќ ја вратија предноста на Хрватска од два погодоци, 14:16. Пред крајот на првото полувреме Циндриќ постигна погодок за Хрватска да оди на полувреме со два погодоци предност, 15:17.

Два погодоци на Муса и едниот на Муса и Степанчиќ на хрватите му донесоа предност од пет погодоци, 16:21.

Гони и Томас намалија на 18:21 после повиканиот тајмаут на шпанскиот селектор. Душебаев со двата погодоци во низа намали на два негатива, 22:24.

Во 44-та минута шпанците намалија на само еден негатива, Душебаев и Фернандез постигнаа погодоци за 24:25.

После тајмутот на Хрватска, Хорват и Циндриќ погодија за водство од три погодоци на Хрватска, 24:27. Ривера и Сармиенто повторно намалија на еден негатива, 26:27 во 48-ма минута.

Гвардиола и Душебаев после подолго време го израмнија резултатот, 28:28. Дувњак и Хорват три минути пред крајот на натпреварот погодија за 28:30. Хрватска на крајот победи со 29:30 и се пласира во 1/2 финале.

Марко Мамиќ беше најефикасен кај Хрватска со 9 погодоци. Вардарецот Лука Циндриќ постигна 5 погодоци. Кај Шпанија најефикасен беше Анхел Фернандез со 7 погодоци. Ракометарите на Вардар, Алекс Душебаев постигна 5 погодоци, а Жоан Канелјас 1 погодок.