Тандемот Ди Магија – Кавани го растури Бордо – Аргентинецот постигна два еврогола и го однесе ПСЖ во финале (ВИДЕО)


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Фудбалерите на ПСЖ победија со 1:4 на гости против Бордо во натпревар од полуфинале во купот на Франција.

Анхел Ди Марија во 19-та минута му донесе водство со фантастичен погодок од слободен удар на ПСЖ. Бордо преку Ролан го израмни резултатот и со нерешен резултат се замина на полувреме, 1:1.

После еден час игра Кавани го врати водството на парижаните. Уругваецот го постигна вториот погодок на натпреварот и зголеми на 1:3.

Конечните 1:4 ги постави Ди Марија во 81-ва минута. Аргентинецот го постигна вториот погодок на натпреварот. ПСЖ после оваа голема победа се пласира во финале каде ќе игра со подобриот од натпреварот Монако – Нанси.