Црвена Звезда ја декласираше Басконија


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Се одигра и последниот натпревар од програмата за денес во Евролигата помеѓу Басконија и Црвена Звезда.

Србите одлично го отворија натпреварот, па во првата ¼-на беа подобри со 25:15, а до полувремето продолжија да доминираат и заминаа со предност од 50:27.

Вториот дел започна со голема борба, а на крајот поуспешна беше Басконија со 22:20 во третата ¼-на додека во последната ¼-на Басконија успеа само да го ублажи поразот.

Црвена Звезда одлично одигра на овој натпревар и победи со 87:69, а најдобар во нивниот тим беше Симоновиќ со 17 поени.