Сан Антонио може и без Леонард – Филаделфија подобра од Клиперс


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Во минатата ноќ беа одиграни 6 натпревари во НБА лигата.

Иако настапуваа без Леонард, Сан Антонио победи против Торонто со 108:106. Најдобар во тимот беше Алдриџ со 21 поен и 7 скокови. Кај Торонто најдобар беше Лоури со 30 поени и 5 украдени топки.

Вашингтон со одлична игра во 2-то полувреме дојде до победа против Бостон со 123:108. Бил постигна 31 поен и 5 асистенции додека кај гостите најдобар беше Томас со 25 поени.

Филаделфија на свој терен го победи Клиперс со 121:110. Најдобар беше Ноел со 19 поени додека кај гостите Крофорд постигна 27 поени.

Останати резултати:

Орландо – Чикаго 92:100
Денвер – Јута 103:93
Феникс – Минесота 111:112