Денеска пред 37 години е родена една од најголемите ѕвезди во историјата на Барселона

0

Роден во Тераса, Шпанија, цела своја фудбалска кариера го носи дресот на Барселона и игра во средниот ред на шампионот на Шпанија.

Дебито за Барса го има на 18 август 1998 година на дуелот против Мајорка, а од тогаш има одиграно повеќе од 700 натпревари.

Тој е првиот фудбалер на Барселона кој има одиграно повеќе од 150 интернационални натпревари.

Тој е единствениот Шпанец кој има освоено 27 титули. Со Барселона има освоено 8 Ла лига титули, 3 титули во Копа дел Реј, 6 титули во Супер купот на Шпанија, 4 титули во Лигата на Шампиони, 3 титули во Уефа Супер Купот и 3 титули во Фифа Светското Клупско првенство.

Со Шпанија има 2 титули на Европските првенства и една титула на Светските првенства.

Го носеше бројот 6 во дресот на Барселона, на левата рака ја имаше капитенската лента, 16 години игра за тимот од Каталонија, за него сите зборуваат со воодушевување.

Беше испратен како легенда од клубот, а денеска неговата 6-ка ја носи Дани Алвеш.

Неговото име е Чави Ернандес, среќен 37-ти роденден Легендо!

Share.