Голема реконструкција во Сити – 10 играчи на крајот на сезоната заминуваат од тимот!


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Медиумите пишуваат дека Сити најверојатно ќе се ослободи од 10 фудбалери на крајот на сезоната.

Манчестер Сити наскоро го чека голема реконструкција на тимот.

Иако добро ја започнаа сезона, долго време беа први на табелата, сепак сега играат многу послабо и не се на највисоко ниво, дури доживеаа и пораз од Евертон со 4:0.

Постои можност еден од најдобрите фудбалери, Серхио Агуеро, да го напушти тимот, но тој не е единствен.

Играчите кои треба да го напуштат тимот се Насри, Пабло Забалета, Јаја Туре, Гаел Клиши, Бакари Сања, Хесус Навас, Вили Кабаљеро, Елаквим Мангала и Вилфрид Бони.

Туре, Клиши, Сања, Навас и Кабаљеро остануваат без договор и нема да им се продолжи додека останатите ќе бидат на трансфер листата.

Секако, ќе дојдат и некои засилувања во тимот, а позициите кои сака да ги засили Пеп во овој момент се стопер, лев бек, играч за врска и напад.