Пред 54 години е роден еден од најдобрите и најконтроверзните тренери во историјата на фудбалот


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Роден во Сетубал, Португалија, поранешен фудбалер и моментално тренер на Манчестер Јунајтед.  За неговите достинувања се слуша надалеку, па затоа го доби прекарот “Специјалниот”.

Студирал спортска наука на универзитетот во Лисабон, посетувал курсеви во Британија. Соработувал со Боби Робсон во Спортинг и Порто, а со Ван Гал во Барселона.

Почнал во Бенфика каде ги покажал своите таленти, за со Порто во две сезони да ја покори цела фудбалска Европа. Абрамович го рестартираше Челси, па реши да му го довери токму на човекот кој правеше чуда со Порто.

Во Челси успеа да освои се што можеше да се освои, но Ливерпул не му дозволи да ја освои најпосакуваната титула во Лигата на шампионите.
После три успешни сезони на островот, Интер го ангажираше “Специјалниот”. Она што неговите претходници во Милано не успеа да го направат, тој во две сезони го направи Интер неприкосновен владетел во Италија и во Лигата на шампиони, освојувајќи ја токму на Бернабе, кој беше негова следна дестинација.
На Реал Мадрид му беше потрбен човек кој ќе го сруши неприкосновениот Гвардиола, односно човек кој ќе ја порази Барселона. Во првиот “Ел Класико”, Мурињо и неговиот тим беа поразени со високи 5:0. Три години во низа беше елиминиран во полуфиналето од Лигата на шампионите, еднаш од Баерн, втор пат од Барселона, трет пат од Борусија Дортмунд, иако ги освои сите домашни трофеи со Реал, Жозе идентично како и со Челси не успеа да ја освои Лигата на Шампионите.
Летото 2013, Жозе се врати во Челси и во сезоната 2014/15 ја освои Премиер лигата и Лига Купот.

Човек кој има освоено толку многу трофеи, а од друга страна човек кој е проследен со многу контроверзни моменти и тоа најмногу во дуелите против Барселона, независно дали како тренер на Челси или како тренер на Реал.

Во периодот од 2002 до 2011 година Жозе Мурињо беше непобедлив на домашен терен во сите дотогашни лигашки натпреварувања во сите дотогашни клубови, бројката изнесуваше 150 натпревари без пораз, за да Спортинг Хихон ја прекине неверојатниот низа на Мурињо.

Со Манчестер Јунајтед на почетокот на сезоната го освои Комјунити шилд.

Од оваа сезона стана тренер на најтрофениот англиски тим Манчестер Јунајтед, почна добро имаше три победи по ред, но го тимот од Олд Трафорд имаше потоа очајни резултати, моментално има серија на добри резултати, но сеуште се наоѓа на очајното 6 место за Јунајтед во Премиер лигата.

Жозе Марио Дос Сантош Мурињо Феникс или скратено Жозе Мурињо е еден од најдобрите и најконтроверзни тренери во фудбалската историја.
Среќен 54 Роденден Специјален !