ЕВРО – Ништо без фудбалери на Јунајтед!


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Од ден во ден, се поубави вести за Жозе Мурињо стигнуваат од Европското првенство.

Иако не може да биде горд на минатата сезона, фудбалерите на Манчестер Јунајтед кои во овие денови ги гледаме во нивните национални тимови оставаат се подобар впечаток како натпреварувањето одминува.

Приврзаниците на клубот од Олд Трафорд вечерва дојдоа до многу интересен податок кога е во прашање впечатокот на играчите на Манчестер, или нивниот впечаток на играта во националните тимови во кои што настапуваат.

Да почнеме со Марсијал, кој не беше во стартиот тим на Триколорите на премиерата во петокот против Романија (2:1), но после неговото влегување Французите стигнаа до победничкит гол во режија на Паје.

Ден подоцна, одлична партија прикажа Вејн Руни во дресот на репрезентацијата на Англија која во последните секунди остана без заслужена победа против Русите (1:1), но само откако го изваде селекторот Хоџсон Руни од игра.

Третиот ден од ЕП, прво во дресот на репрезентацијата на Северна Ирска настапи 21-годишниот Педи Мекнер. Тој против Полска го одигра првото полувреме кое е завршено брз голови, а после неговото излегување од игра Милик го постигна победоносниот гол за селекцијата на Полска, за конечни 1:0.

И, како шлаг на тортата, следеше вечерашниот погодок на Бастијан Швајнштајгер, само неколку минути откако влезе во игра против Украина. Неговиот трет контакт со топката во овој натпревар беше кобен Украина.

Швајни ја реализираше асистенцијата на Озил за конечни 2:0 и ја продолжи импресивната низа кога се во прашање фудбалери на Манчестер Јунајтед.

Случајност, или не, што велите вие?