Величествено простување – Големиот Еидур на најдобар можен начин отиде во бесмртните!


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


И вечерва влезе, започна акција на својот тим кај вториот гол на Исланѓаните – легендарниот Еидур Гудјонсон не можеше да замисли подобро простување од националниот дрес.

Исланд е апсолутен хит на ова ЕП, и покрај убедливиот пораз од Франција во четвртфиналето (5:2).

Величествениот момент се случи во 83 минута кога на терен влезе прочуениот капитен и сигурно најголем играч во историјата на оваа земја, 37-годишниот Еидур Гудјонсен.

И штом некогашниот ас на Челси и Барселона започна акција на левата страна, после размена на неколку пасови, Исланд постигна погодок за 5:2.

Гудјонсен цели 20 години чекаше за својот национален тим како капитен да го предводи на еден голем турнир. Вистина, тој беше резервиста во Франција, но во два наврати влезе во игра и моментално ја стави лентата околу раката. Чисто да се знае кој е и дека понатака е најголем.

Гудјонсен имаше истотака и деби за незаборав, поради тоа што на 24 април во дамнешната 1996 година, како 18-годишен на теренот го замени својот татко Арнор на пријателски натпревар против Естонија.

Точно 20 години подоцна, Гудјонјсен со спектакуларен аплауз е поздравен кога влегуваше на терен во 83 минута наместо Сигторсон.

Летечкиот Исланѓан, препознатлив и по тоа што неретко сака да игра по долги ракави, за својата земја забележа 88 настапи и постигна 26 голови и ќе биде запаметен како најголем фудбалер на својата мала земја на која беше капитен на ова чудесно првество во Франција, иако не одигра ни 20 минути.

Но затоа е големиот Еидур Гудјонсен, замислете било која друга најголема ѕвезда на една земка за покрај таквата минутажа, без збор да остане лидер на својата екипа и да чека шанса да помогне кога ќе затреба.

Тоа е вистински капитен.