Кармело Ентони се сели во Клиперс?


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Кармело Ентони се наоѓа пред излезни врати од Њу Јорк Никс.

Големата ѕвезда на Никс во наредните денови би требало да ја смени средината, а нова дестинација би требало да биде Клиперс.

Раководството на тимот го понуди Мело на Клиперс, а интересно е тоа што во замена нема да бара некоја од големите ѕвезди од Лос Анџелес.

Подготвени се да го дадат Ентони за играчи кои не се главни во Клиперс, па овој трејд би можел да биде интересен.

Па така во остатокот од сезоната Кармело би го гледале во тим со Крис Пол и Блејк Грифин.

Претходните 6 години Ентони го носеше дресот на Никс, а во кариерата има играно уште за Денвер.