Олимпијакос без поголеми проблеми до победа против Бамберг


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Денес се одигра уште еден натпревар од Евролигата, а Олимпијакос успеа да го победи Бамберг со 83:77.

Натпреварот го отвори одлично тимот од Грција, а до полувремето играа на високо ниво и заминаа со предност од 41:32.

Вториот дел започна израменто, односно во третата ¼-на резултатот беше 24:24, а потоа Бамберг успеа да победи во последната ¼-на со 21:18, но тоа не беше доволно за да стигнат до победа.

Најдобри кај Грците беа Спанулис и Бирч со по 15 постигнати поени додека кај гостите најдобар беше Мели со 14 постигнати поени.