Историјата е испишана – Ноќ за паметење на Харден


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Неверојатниот Џејмс Харде влезе во историјата на НБА лигата.

Популарниот играч одигра еден од најдобрите натпревари во кариерата и така постави нов рекорд.

Во победата на Хјустон против Филаделфија од 123:118 тој постигна 51 поен, 13 скокови и 13 асистенции и така стана првиот играч во историјата на НБА лигата кој стигнал до 2 трипл-дабл во сезоната со најмалку 50 поени.

Претходно Харден постигна 53 поени, 17 асистенции и 16 скокови.

Пред него тоа успеа да го направи само легендарниот Оскар Робертсон.

Тие двајца се единствени кошаркари кои во првите 50 натпревари во сезоната имаат постигнато 1400 поени, 500 асистенции и 400 скокови.