Манор навести како ќе изгледа болидот за Ф1


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Љубителите на Ф1 добија први информации за тоа како ќе изгледа болидот на тимот за оваа сезона.

Манор во петок официјално престана да постои, бидејќи не беше пронајден купувач, па тимот банкротираше. Сепак, членовите не сакаа да се простат туку така од Ф1, па тие направија макета на моделот.

Таа макета беше користена за развој на програмата на тимот во воздушниот тунел на Мерцедес.

Се верува дека моделот на болидот не е тој од минатата година модифициран според правилата за оваа сезона, бидејќи тимот би можел да биде пријавен за шампионатот во случај да се појави купувач.

Ф1 оваа сезона започнува на 26-ти март во Австралија.