Шокантна вест ја тресе Србија: ФИФА ја одзема титулата шампион на светот на Звезда?


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Вистински шок изби во нашиот северен сосед утрово откако е објавено дека Црвена Звезда ќе остане без титулата шампион на светот од 91′.

Актуелен шампион е Реал, но некогаш и Звезда го креваше истиот трофеј без кој сега може да останат како и тие така и останати освојувачи.

Во 1991 Црвена Звезда тој трофеј го освои против Коло Коло со 3:0.

Тогаш играа само екипи од Европа и Јужна Америка а од 2000 па наваму кога шампионатот го превзеде ФИФА, играат екипи од сите континенти и само тие можат да се наречат европски шампиони.

Титулите нема да бидат одземени, но насловите шампион на светот нема повеќе да постојат за тие екипи.

„ФИФА ги ценеше сите историски настани на кои учествуваа секакви екипи од светот. Од 2000 наваму ФИФА го одржува светското клупско првенство и има претставници од сите 6 конфедерации. Победниците само во тоа натпреварување ФИФА ќе ги смета како СВЕТСКИ ШАМПИОНИ“ – соопштија од ФИФА.