Лара Гут победи на спустот во Италија


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Швајцарската скијачка, Лара Гут победи во денешниот спуст во Италија на стазата Кортини Д’Ампецо.

Лара Гут продолжи со фантастичната форма и пред СП па ја прослави и петата победа оваа сезона. Таа заврши прва денес со време од 1:37.08, а зад себе ја остави италијанката Софија Гоџа која имаше заостанување од 0.05 десетинки.

На подиумот имаше место и за Илка Штухец од Словенија, а на четвртата позиција заврши германката Викторија Ребенсбург.

Лара Гут после денешната победа се приближи до американката Микаела Шифрин на само минус 30 бода во вкупниот пласман во светскиот куп. Шифрин има 1053 бода, а Лара Гут е зад неа со 1023 бода.