Бетис поразен од Тенерифе – Војдан Стојановски најефикасен во поразениот тим


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Кошаркарите на Тенерифе го совладаа Реал Бетис на гости со 76:82.

Тенерифе после првата четвртина имаше водство од пет поени, 13:18. Во втората четвртина гостите успеаа да стигнат до двоцифрена предност на натпреварот, 13:24. Кошаркарите на Бетис влегоа во серија и намалија на еден негатива, 29:30. До крајот на полувреме Тенерифе беше подобар и после 20 минути игра имаше водство од четири поени, 36:40.

Тенерифе пред последните десет минути од натпреварот имаше водство од 9 поени, 56:65. Гостите ја задржаа предноста и на крајот победија со 76:82.

Дорнекамп го предводеше Тенерифе до победа со 17 поени. Кај Бетис најефикасен беше македонскиот кошаркар, Војдан Стојановски со 18 поени.