Франција е светски шампион – Норвешка немоќна против галските петли


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Ракометарите на Франција ја победија Норвешка во финалето со 33:26.

Франција со погодоците на Карабатиќ и Мае стигна до водство, 2:1. Тонесен и Јондал го вратија водството на Норвешка, 2:3.

После осум минути игра Норвешка имаше водство од два погодоци. Бјорнсен и Мирхол погодија за 4:6.

Двата погодоци во низа на Хансен и донесоа водство на Норвешка од три погодоци, 7:10. Порт и Мае со два брзи погодоци намалија на 9:10.

Сагосен и Танген десет минути пред крајот на првото полувреме погодија за 11:14. Нарцис и два погодоци на Мае во низа донесоа израмнување, 16:16. Французите со погодокот на Порт со звукот на сирената заминаа на полувреме со минимална предност, 18:17.

Гигу постигна два погодоци во низа во првото полувреме за 20:17. Французите стигнаа до пет погодоци предност со погодоците на Ремили, Гигу и Порт.

Порт, Ремили и Карабатиќ два пати седум минути пред крајот на натпреварот погодија за 31:23.

Франција на крајот победи со 33:26 и го освои СП.

Никола Карабатиќ ја предводеше Франција со 6 погодоци. Фантастичен на голот на Франција беше и Венсан Жерар кој го заврши натпреварот со 10 интервенции. Кај Норвешка најефикасен беше Тонесен со 5 погодоци.