Роналдињо се врати во Париз!


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Роналдињо кариерата ја започна во Гремио, но може да кажеме дека во ПСЖ започна една од најубавите фудбалски приказни.

Бразилецот кој денес има 36 години, во ПСЖ стигна во 2001 година и тука остана 2 сезони.

По 55 натпревари и 17 постигнати голови, тој замина во Барселона.

Остатокот од приказната го знаете сите, тој играше одлично во Барселона, па потоа заигра за Милан и на крајот се врати во Бразил.

Сепак, тој се враќа во Париз кога ќе има шанса.

Роналдињо во Париз го изведе почетниот удар на дербито помеѓу ПСЖ и Монако.