Пет Кеш – Ова не е фер, Федерер играше со мамење!


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Поранешниот тенисер Пет Кеш го обвини Роџер Федерер за мамење на Австралија Опен.

Федерер пред 5-от сет во финалето против Надал побара медицински тајм-аут, а Кеш смета дека тој потег бил некоректен и го обвини Федерер за измама.

„Не сопирате маратон затоа што сте уморни. Таквото однесување не го казнува АТП. Тоа е погрешно, тоа е мамење, а дозволено е. Легално мамење, но тоа не е во ред.“

На овој коментар, се огласи и Федерер:

„И јас мислам дека не треба да ги злоупотребуваме правилата и да го уништуваме системот. Меѓутоа, неговате одлука беше претерана. Јас сум тенисер кој ретко повикува тајм-аут, па така не знам за што зборува тој.“

Пет Кеш во текот на кариерата освои еден Грен Слем и тоа на Вимблдон во 1987 година.