Големо изненадување во Торонто и Сан Антонио!


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Натпреварите од НБА лигата во минатата ноќ донесоа неколку изненадувања.

Едно од нив го направија Далас со победата против Сан Антонио од 105:101. Најдобар беше Кари со 24 поени, а толку поени на другата страна постигна и Леонард.

Торонто се наоѓа во резултатска криза. Поразени се во последните 7 од 8 натпревари, а вчера ги изненади Орландо со 114:113. Најдобар беше Вучевиќ со 25 поени и 10 скокови додека на другата страна Лоури постигна 33 поени.

Дурант со 33 поени го однесе Голден Стејт до тешка победа против Портланд со 113:111.

Останати резултати:

Индијана – Хјустон 120:101
Њу Орлеанс – Вашингтон 94:107
Чикаго – Филаделфија 121:108