Историски пласман на ВТА – Лина ја „проби“ границата од 200!


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Македонската тенисерка, Лина Ѓорческа се наоѓа на 192 место на ВТА листата.

Одличниот настап во квалификациите за Грен Слемот во Австралија и донесе и дополнителни поени на Лина, а со тоа и подобрување на пласманот на ВТА листата.

Таа доби 30 поени од 2-те победи во 1-то и 2-то квалификациско коло во Мелбурн.

Ѓорческа имаше и мал пад од 6 места во конкуренција на двојки, па сега се наоѓа на 135-то место.

Но во секој случај ова е голем успех на младата тенисерка и од неа очекуваме уште поголеми успеси во иднина.