„Ве почитуваме, но не може да го исвиркувате Роналдо!“


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Хрватскиот фудбалер, Матео Ковачиќ ги коментираше свирежите од трибините кои беа испрати на сметка на Роналдо.

Ковачиќ застана во одбрана на Роналдо.

„Навивачите се наш 12-ти фудбалер и навистина морам да им се заблагодарам. Ги почитувам поради тоа. Сепак, не може да се исвиркува Роналдо. Човекот постигнува гол скоро во секоја натпревар, тој е под голем притисок и едноставно не може тоа да му го правите.“

Роналдо во еден момент поради исвиркувања влезе во вербален дуел со навивачите, но за среќа остана само на тоа.

Токму тие двајца беа креатори на победата на Реал. Еден на друг си асистираа за голови, а работата ја заврши Мората.