Милан испрати дефанзивец на позајмица во Депортиво!


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Првите луѓе на Милан во јануари доведоа неколку засилувања па се очекуваше сега да прават еден вид чистка во тимот.

Денеска е потврдено дека Родриго Ели заминува на позајмица до крајот на сезоната во западот на Шпанија, поточно во Депортиво Ла Коруња.

Ели има 23 години и ветува многу, но оваа сезона не доби шанса во дресот на Милан.

Ели во 2010 пристигна во Милан од Гремио и играше на позајмици и во младинските екипи на Милан, па дури оваа сезона потпиша договор со првиот тим на Милан.

Иако Монтело тврдеше дека станува збор за одличен играч, тој не доби шанса во неговиот тим, но Ели изјави дека ќе даде се од себе во Депортиво само да се допадне на Монтела.