Пропадна изненадувањето на Конте, Германците го стопираа трансферот во Челси


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Лоши вести за Сините вечерва стигнаа од Германија, нема ништо од очекуваното засилување во одбраната.

Антонио Конте има намера во финишот на зимскиот преоден рок да ја засили одбранбената линија на тимот, поготово доколку Бане Ивановиќ навистина го напушти Стенфорд Бриџ.

Желба на Конте беше репрезентативецот на БиХ Сеад Колашинац, фудбалер на Шалке.

Сините наводно испратија понуда во вредност од шест милиони евра и се чинеше дека трансферот е извесен, со оглед дека договорот со клубот од Гелзенкирхен му истекува за шест месеци.

Но, вечерва следеше неочекувана информација.

Имено, Шалке се одлучи на Колашинац да не дозволи трансфер во Челси, а европските медиуми пренесуваат дека на 23-годишниот фудбалер му е соопштено дека мора да остане во германскиот бундеслигаш до крајот на договорот.

Како причина за ваквиот потег на германскиот клуб се наведува неможноста за до крајот на преодниот рок да се пронајде адекватна замена за овој фудбалер.