Кливленд поразен во Далас – Бостон продолжи до победите


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Во минатата ноќ беа одиграни 6 натпревари во НБА лигата.

Кливленд беше поразен од Далас со 104:97. Домаќините ги водеа Барнс со 24 поени и Матјус со 21 додека кај гостите Џејмс постигна 23 и Ирвинг постигна 18.

Бостон стигна до 4-та победа по ред и тоа со победата против Детроит со 113:109. Повторно неверојатен беше Томас кој постигна 41 поен и 8 асистенции додека кај гостите најдобар беше Дрејмонд со 28 поени.

Мајами беше подобар од Бруклин со 104:96, Минесота победи по продолженија против Орландо со 111:105, а до победи стигнаа и Мемфис против Феникс со 115:96 и Филаделфија против Сакраменто со 119:112.