„Можеме да се бориме со Мерцедес!“


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Возачот на Ред Бул, Рикардо смета дека неговиот тим оваа сезона може да се бори со Мерцедес за шампионската титула во Ф1.

Ред Бул минатата година беше втор најдобар тим во Ф1, зад Мерцедес.

„Мислам дека можеме да се бориме со нив. Ако напредуваме како минатата сезона, мислам дека Хамилтон нема да добие ништо лесно.“

Актуелниот шампион Розберг ја заврши кариерата по освојување на титулата, а Рикардо ја разбира неговата одлука.

„Прво се изненадив, но кога размислив и се ставив во негова позиција, подобро ја разбрав таа одлука. Тој има семејство, долго е во спортот и пред да почне да се натпреварува. Имаше долга кариера. Се умори од сите патувања и обврски, а стигна до тоа што го посакуваше.“