Револуција во Шпанија – Примера воведува „видео судии“ од 2018 година


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


По неверојатната судиска одлука на натпреварот помеѓу Бетис и Барселона(1:1), кога судиите не признаа чист гол на Барселона, се зборува се повеќе за судиски видео асистенти.

Претседателот на Примера, Хавиер Тебас  даде изјава дека ќе се воведе такво нешто од 2018 година.

„Тестовите се вршат. На воведување на видео судии се работи во последните 8 месеци. Во Примера ќе тестираме нов систем кој ќе работи од следната сезона. Кога ФИФА ќе го одобри ќе го воведеме и официјално во натпреварувањето во 2018 година.“

ФИФА минатиот март прифати пробно користење на видео асистенти во период од 2 години, кое на судиите требаше да им помогне при донесување на важни одлуки.

Во Шпанија засега не постои ниту технологијата на гол-линија, која не е воведена од финансиски причини.