Бербатов се враќа во Лондон?!


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Искусниот бугарски напаѓач Димитар Бербатов е на прагот да се врати во Англија.

Бербатов играше 8 години во Англија и по се изгледа дека повторно се враќа на Островот.

Тој во друштво на својот менаџер отпатува од Софија во Лондон и наводно ќе потпише договор со Вест Хем.

Тој би требало да потпише договор до крајот на сезоната и ќе биде замена за повредениот Енди Керол.

Во богатата кариера тој го има освоено лига купот на Англија, 2 пати беше шампион на Англија, освојуваше 2 Комјунити Шилд, Светско клупско првенство и голем број на трофеи кои ги освои како играч на Јунајтед.