Официјално – Габијадини се пресели во ПЛ!


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Саутемптон го комплетираше трансферот на Маноло Габијадини.

Италијанскиот напаѓач стигнува од Наполи и потпиша 4 и пол годишен договор.

Сумата на трансферот изнесува околу 14 милиони фунти.

„Јас сум многу среќен. Уште од дете мој сон беше да играм во најдобрите лиги во светот, а тоа сега се случува и не можам да дочекам да заиграм.“

„Тренинг центарот е во одлична состојба. Подобри услови дури и од Серија А. Овие услови ги привлекуваат сите играчи да дојдат тука и да играат што можат подобро.“