„Не заминав во Кина само поради пари“


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Фудбалерот на Шангај СИПГ Оскар рече дека во тој кинески клуб не премина само поради пари, веќе затоа што сакаше повеќе минутажа и натпревари, со цел да се избори за враќање во репрезентацијата на Бразил.

Оскар во оваа сезона одигра само пет првенствени натпревари за Челси, поради што за трансфер вреден 60 милиони фунти премина во Шангај СИПГ.

Иако 25-годишниот фудбалер признава дека неделната плата од 400 000 фунти беше важен фактор, рече дека желбата да игра повеќе натпревари со цел да се врати во државниот тим.

„Во минатата година имав понуда од Кина, но не сакам да разговарам за тоа. Сега ги сослушав што имаат да понудат, а тој проект звучеше совршено. Во секој нов разговор имаше се поатрактивна понуда. Финансиите ми беа важни, но не е се во парите. Не сум сам, тука е сопругата и децата и мора да биде убаво во Шангај. Не играв многу во Челси и кога слушнав од Шангај дека се заинтересирани, бев среќен“, рече Оскар за магазинот 4-4-2.

Оскар кариерата ја почна во Сао Паоло, играше за Интернасионал, а во 2012 година премина во Челси.

Тој со тој клуб освои три трофеи, Лига Европа, Премиер лига и Лига купот.

„Ми беше многу тешко да одам. Играв таму речиси пет години и доживеав многу убави моменти со клубот. Ја почитувам екипата и навивачите. (Тренерот Антонио) Конте е добар човек. Ја почитуваше мојата одлука и разбираше дека сакам повеќе да играм. Кога дојде во Челси ми рече деке некои клубови се заинтересирани за мене. Тој ми рече дека сум дел од неговите планови и одлучив да останам, но работите се менуваат“, рече Оскар.