„Ме инспирираат Федерер, Надал и сестрите Вилијамс“


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Најпопуларниот голфер на сите времиња, Тајгер Вудс се врати на теренот по 17 месеци.

Но, не се прослави на турнирот во Тори Пајнс. Тој вели дека голема инспирација му дале сестрите Вилијамс, Федерер и Надал на АО.

„Беше како во старите добри времиња кога не можевте да го дочекате нивниот натпревар. Се надевам дека за мене и во голфот ќе биде како во старите добри времиња. Тие се неверојатни, а ова е награда за нивната посветеност и работа.“

Тој се пријави на турнир во Дубаи, а ќе видиме дали таму ќе ја покаже старата форма.